За време на работата
За време на работата, мора да го осигурите следното:
- Приклучната табла е затворена и осигурана од ненамерно отворање.
- Приклучната табла е сигурна од преплавување (вид на заштита IP54).
- Не смее да има директни сончеви зраци врз приклучната табла.
- Температура на околината: 0 … 40 °C.
Следните информации се прикажани на главниот екран:
- Статус на пумпата:
- Број на регистрирани пумпи
- Пумпата е активирана/деактивирана
- Пумпа вклучена/исклучена
- Работа со резервна пумпа
- Режим на управување
- Актуелна вредност на притисок или состојба на пливачки прекинувач
- Активна работа на Feldbus
Понатаму, преку Мени 4 се достапни следните информации:
- Држете го контролното копче 3 секунди.
- Ќе се појави Мени 1.00.
- Вртете го контролното копче додека не се појави Мени 4.
- Притиснете го контролното копче.
- Ќе се појави Мени 4.xx.
Мени бр. | 4.02 |
Име | Актуелна вредност на притисок во бари |
Подрачје на вредности | 0,0…25,0 бари |
Фабричко подесување | 0,0 бари |
Опис | Вредноста измерена со сензорот за притисок на излезната страна. |
Мени бр. | 4.05 |
Име | Состојба на пливачкиот прекинувач |
Подрачје на вредности | 0, 1 |
Опис | Состојба на пливачки прекинувач:
Доколку е потребно, статусот на сите пливачки прекинувачи се прикажува на наизменични редови на дисплејот. |
Мени бр. | 4.12 |
Име | Време на работа на приклучна табла |
Опис | Вкупното време на работа во текот на кое приклучната табла се напојувала со напон. |
Мени бр. | 4.17 |
Име | Циклуси на префрлување на приклучна табла |
Подрачје на вредности | 0…65535 |
Опис | Број на стартувања и исклучувања за приклучната табла |
Мени бр. | 4.18 |
Име | Циклуси на префрлање на пумпа 1 |
Подрачје на вредности | 0…65535 |
Опис | Број на стартувања и исклучувања за пумпа 1 |
Мени бр. | 4.19 |
Име | Циклуси на префрлање на пумпа 2 |
Подрачје на вредности | 0…65535 |
Опис | Број на стартувања и исклучувања за пумпа 2 |
Мени бр. | 4.22 |
Име | Сериски број на приклучна табла |
Опис | Серискиот број може да се смени сè додека бројот на циклуси на префрлање на приклучната табла е помал или еднаков на 5. После тоа повеќе не може да се менува. |
Мени бр. | 4.23 |
Име | Тип приклучна табла |
Подрачје на вредности | EC-bH |
Фабричко подесување | EC-bH |
Опис | Тип на приклучна табла, за Control EC-WP секогаш EC-bH (бушотина) |
Мени бр. | 4.24 |
Име | Верзија на софтвер |
Опис | Верзија за софтверот што се користи во приклучната табла |
Мени бр. | 4.25 |
Име | Подесена вредност за надгледувањето на струјата на моторот: Пумпа 1 |
Подрачје на вредности | 0,0…12,0 |
Фабричко подесување | 0,0 |
Опис | Вредноста за максималната номинална струја во А за пумпата 1, е поставена на потенциометарот на картичката. |
Мени бр. | 4.26 |
Име | Подесена вредност за надгледувањето на струјата на моторот: Пумпа 2 |
Подрачје на вредности | 0,0…12,0 |
Фабричко подесување | 0,0 |
Опис | Вредноста за максималната номинална струја во А за пумпата 2, е поставена на потенциометарот на картичката. |
Мени бр. | 4.29 |
Име | Актуелна струја во A за пумпа 1 |
Опис | Приказ на тековно измерената струја во А за пумпа 1:
|