Мени 3: Активирање на пумпи
За постројката да работи, утврдете го начинот на работа за секоја пумпа и активирајте ги пумпите:
- Начинот на работа е фабрички нагоден за секоја пумпа на „auto“.
- Со активација на пумпа во Мени 3.01 стартува автоматската работа.
Дозволени подесувања за првата конфигурација
Направете го следново за време на првото конфигурирање:
- Контрола на насока на вртење на пумпите
- Точно подесување на надгледувањето на струјата на моторот
За да може да се изведат овие работи, треба да се направат следните подесувања:
- Исклучени пумпи: Поставете го менито 3.02 до 3.03 на „off“.
- Активирање на пумпи: Поставете го Менито 3.01 на „on“.
Мени бр. | 3.01 |
Име | Активирање на пумпи |
Подрачје на вредности | on, off |
Фабричко подесување | off |
Опис | Деактивирање или активирање на сите пумпи |
Мени бр. | 3.02 |
Име | Начин на работа на пумпа 1 |
Подрачје на вредности | off, Hand, Auto |
Фабричко подесување | Auto |
Опис | Начинот на работа на пумпата 1 може да се избере помеѓу рачно вклучување (Hand), рачно исклучување (off) и автоматска работа. При рачна работа, алармите како работа на суво и WSK сè уште се земаат предвид. |
Мени бр. | 3.03 |
Име | Начин на работа на пумпа 2 |
Подрачје на вредности | off, Hand, Auto |
Фабричко подесување | Auto |
Опис | Начинот на работа на пумпата 2 може да се избере помеѓу рачно вклучување (Hand), рачно исклучување (off) и автоматска работа (Auto). При рачна работа, алармите како работа на суво или термичко надгледување на моторот сè уште се земаат предвид. |