Принцип на функција
Регистрирањето на нивото и притисокот следува како двоположбена регулација на секоја пумпа. Зависно од нивото или актуелниот притисок, пумпите се вклучуваат и исклучуваат поединечно. Кога ќе се достигне нивото за сув од или преплавување, следува оптичко известување. Освен тоа, сите пумпи се присилени на вклучување. Дефектите се наоѓаат во меморијата за грешки.
Приказот на актуелните работни податоци и состојби се прикажани со LC-дисплејот и светлечките диоди. Ракувањето и внесувањето на работните параметри се прави преку копче на вртење.
Приклучната табла може да работи со три различни работни режими:
- Полнење
- Кога нивото на течноста во еден или два резервоари паѓа, пумпите автоматски се вклучуваат поединечно и повторно се исклучуваат кога нивото ќе се зголеми.
- Празнење
- Кога нивото на течноста во еден или два бунари се зголемува, пумпите автоматски се исклучуваат поединечно и повторно се вклучуваат кога нивото ќе се намали.
- Регулација на притисок
- Зависно од актуелниот притисок кај излезната странана постројката, пумпите се вклучуваат и исклучуваат поединечно.