За време на работата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници на жешките површини!
Моторот може да биде жежок за време на работата. Може да дојде до изгореници.
- Оставете моторот по исклучувањето да се излади на температурата на околината!
ВНИМАТЕЛНО
Материјални штети поради непрописна работа!
Пропелерот секогаш да биде потопен за време на работата. Кога не е достигнато потребното покривање со вода, исклучете го погонот за мешање! Во случаи на примена со големи варијации во нивото, се препорачува надгледување на нивото!
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Внимавајте на упатствата за моторот!
За дополнителни информации, прочитајте ги и придржувајте се до одделните упатства за моторот.
За време на работата, внимавајте на локалните прописи за:
- Безбедност на местото на работа
- Спречување несреќни случаи
- Ракување со електрични машини
Строго придржувајте се до работниот распоред на раководителот. Целокупниот персонал е одговорен за придржување до работниот распоред и прописите!
Проверувајте ги следните работи во редовни интервали:
- Работниот напон*
- Фреквенцијата*
- Потрошувачката на струја меѓу поединечните фази*
- Разликата во напонот меѓу поединечните фази*
- Макс. број на вклучувања*
- Минималн покривање со вода на пропелерот
- Тивка работа/работа без вибрации
*Следете ги податоците за толеранциите според упатствата на производителот!
Зголемена потрошувачка на струја
Во зависност од медиумот и од постоечкото струење, може да дојде до мали флуктуации во потрошувачката на струја. Постојаната зголемена потрошувачка на струја означува промена во димензиите и води кон поголемо трошење на погонот за мешање. Причината на изменетите димензии може да е:
- Преостар агол на перките на пропелерот. Проверете и ако треба приспособете.
- Промена на вискозноста и густината на медиумот.
- Недоволно механичко претходно чистење, пример, фиброзни и абразивни состојки.
- Нехомогени услови на проток поради пречки.
- Вибрации поради попречен прилив и одлив на коритото, погрешно воведување воздух (проветрување) или влијанија од повеќе други погони за мешање.
Проверете ги димензиите на постројката и преземете контрамерки. За друга помош, стапете во контакт со службата за односи со корисниците.