Обврската на раководителот
- Внимавајте на локалните прописи на сила за спречување несреќни случаи и за безбедност.
- Внимавајте на сите прописи за работа со тешки и висечки товари.
- Заштитната опрема треба да биде на располагање. Осигурете се дека персоналот ја носи заштитната опрема.
- Означете го работното подрачје.
- Држете ги неовластените луѓе надвор од работното подрачје.
- Доколку временски услови повеќе на овозможуваат безбедна работа (пр. мраз, силен ветер), прекинете ја работата.
- За работа на постројки за отпадна вода, внимавајте на локалните прописи за технологија на отпадна вода.
- Градежно-конструкциските услови и фундаментот мора да се доволно цврсти за да може безбедно да се постави функционално прицврстување. Раководителот е одговрен за подготовката и соодветноста на конструкцијата/фундаментот!
- Проверете ја документацијата за планирање што е на располагање (плановите за инсталација, местото на поставување, условите на прилив) дали е целосна и точна.