Дефекти, причини и отстранување
ОПАСНОСТ
Опасност поради медиуми опасни по здравјето!
Носете ја следната заштитна опрема за време на работата:
- Затворени заштитни очила
- Маска за дишење
- Заштитни ракавици
- Наведената опрема претставува минимален услов, внимавајте на правилата за работа!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Непрописното однесување при електрични работи може да предизвика смрт од струен удар!
- Работата со електриката мора секогаш да ја изведува стручен електричар!
- Придржувајте се до локалните прописи!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреда поради ротирачкиот пропелер!
Не смее луѓето да се задржуваат во работното подрачје на погонот за мешање. Постои опасност за повреди!
- Означете го и затворете го работното подрачје.
- Кога веќе нема луѓе во работното подрачје, вклучете го погонот за мешање.
- Ако има луѓе во работното подрачје, веднаш исклучете го погонот за мешање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреда поради остри рабови!
На перките на пропелерот може да има остри рабови. Постои опасност од повреди поради исекување!
- Носете заштитни ракавици!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот поради опасна самостојна работа!
Работењето во шахти и тесни простори, како и работењето со опасност од пад се смета како опасна работа. Таквата работа не треба да се извршува самостојно!
- Работете само во присуство на друго лице!
Дефект: Погонот за мешање не врти
- Прекин во напонскиот извор.
- Дали главниот прекинувач е на EIN?
- Дали фазите работат?
- Дали е оштетен кабелот за поврзување?
- Дефектен осигурувач.
- Дали се проверени осигурувачите?
- Дали се правилно поставени осигурувачите?
- Заштитата на моторот е активирана.
- Дали номиналната струја е прекумерна?
- Дали е ресетиран активаторот на прекумерна струја?
- Пропелерот се движи тешко или е блокиран.
- Дали е изведено пробно работење во празно корито?
- Исчистете го пропелерот.
Дефект: Погонот за мешање врти, по кратко време се активира заштитата на моторот
- Пропелерот се движи тешко или е блокиран.
- Исчистете го пропелерот.
- Зголемена содржина на цврсти материи.
- Проверете дали е загаден.
- Приспособете го нагодувачкиот агол на перките на пропелерот. Консултирајте се со службата за односи со корисниците.
- Проверете ги условите на употреба. Консултирајте се со службата за односи со корисниците.
Дополнителни чекори за отстранување дефекти
Доколку овдедадените точки не ви помагаат да го отстраните дефектот, треба да стапите во контакт со службата за односи со корисниците. Службата за односи со корисниците може да ви помогне дополнително:
- Телефонски или писмено.
- Поддршка на лице место.
- Проверка и поправка во работилница.
Дополнителните услуги на службата за односи со корисниците може да чинат! Точни информации за тоа можете да побарате од службата за односи со корисниците.