Препорачани мерки за одржување
За работата да биде непречена, се препорачува редовна контрола на потрошувачката на струја и на работниот напон за сите три фази. При нормална работа овие вредности не се менуваат. Можни се лесни вибрации во зависност од својствата на медиумот.
Потрошувачката на струја може да биде индикатор за предвремено препознавање и отстранување на оштетувања или грешки во функциите на погонот за мешање. Поголемите варијации на напонот ја оптоваруваат намотката на моторот и можат да предизвикаат расипување. Редовната контрола може да помогне да се избегнат големи оштетувања како последица, а исто така опаѓа и ризикот за тотално расипување. За да можете да правите редовна проверка, се препорачува да употребите опрема за далечинско надгледување.