Уреди за надгледување
Следните уреди за надгледување мора да ги обезбеди корисникот:
Вградена заштитна склопка на вод и заштитен прекинувач на моторот
- Водот и заштитниот прекинувач на моторот треба да се инсталираат согласно податоците од производителот на моторот.
- Нестабилна електрична мрежа: по потреба другите заштитни уреди ги обезбедува корисникот (пр. релеј за наднапон, поднапон или откажување на фаза ...).
- Придржувајте се до локалните прописи.
Заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD)
- Вградете заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD) согласно прописите на локалната служба за електродистрибуција.
- Ако е возможно луѓето дојдат во контакт со производот и спроводливите течности, вградете заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD).