Монтирање на перка на пропелерот

1

Рамна заптивка

6

Навоен чеп

2

Главчина (тело на прием)

7

Подлошка

3

Дел за вметнување

8

Шестоаголна навртка

4

Перка на пропелер

9

Шестоаголна контранавртка

5

Отвор за дел за вметнување

  1. Цврсто засидрете ја погонската единица со претходно монтираното вратило на погонот за мешање и главчината за носечката конструкција.
  2. Поставете ги перките за пропелерот и потребните делови за вметнување на дофат.
  3. Дефинирајте го аголот на поставување.
  4. Дефинирајте ја насоката на потисок.
  5. Подгответе клуч со крцкало со ширина 55 и 750 Nm (553 ft·lb).
  6. Работите треба да ги изведуваат две лица.
  1. Поставете дел за вметнување странично во отворот.
    ИЗВЕСТУВАЊЕ! Внимавајте на изгравираните мерки за аголот на делот за вметнување. Мерките за аголот мора да бидат видливи по вметнувањето.
    ИЗВЕСТУВАЊЕ! Внимавајте на порамнувањето на перките на пропелерот со насоката на потисокот!
  2. Поставете ја рамната заптивка.
  3. Поставете ги перките на пропелерот со навојниот чеп во предвидените отвори на главчината и држете ги така. ИЗВЕСТУВАЊЕ! Делот за вметнување мора да влезе во соодветниот отвор на главчината.
  4. Поставете ја подлошката на навојниот чеп.
  5. Завртете ја шестоаголната навртка врз навојниот чеш и стегнете ја.
  6. Затегнете ја шестоаголната навртка со клуч со крцкало. Вртежен момент: 750 Nm (553 ft·lb).
  7. Завртете ја шестоаголната контранавртка врз навојниот чеп и стегнете ја.
  8. Затегнете ја шестоаголната контранавртка со клуч со крцкало. Вртежен момент: 750 Nm (553 ft·lb).
  9. Повторете ги чекорите за секоја перка на пропелер.
  10. Проверете дали сите перки на пропелерот се цврсто поставени.
  1. Перките на пропелерот се вградени. Монтирајте ја покривната хауба.
Монтирање на пропелерот
Монтирање на пропелерот