Примена на средства за подигнување
Кога користите средства за подигнување (уред за подигнување, кран, синџири ...), придржувајте се до следниве точки:
- Носете заштитна кацига според EN 397!
- Придржувајте се до локалните закони за употреба на средства за подигнување.
- Раководителот е одговорен за технички правилна употреба на средствата за подигнување!
- Средства за прикачување
- Користете само законски пропишани и дозволени средства за прикачување товар.
- Изберете ја точката на подигнување врз основа на средствата за прикачување.
- Прицврстете ги средствата за прикачување на точката на подигнување согласно локалните прописи.
- Средства за подигнување
- Пред употреба, проверете дали функционираат беспрекорно!
- Доволна носивост.
- Загарантирајте стабилност за време на употребата.
- Процес на подигнување
- Производот не треба да се заглави за време подигнувањето и спуштањето.
- Не надминувајте ја максимално дозволената носивост!
- Коа е потребно, назначете второ лице кое ќе ги координира работите (пр. во случај на блокиран поглед).
- Никој не треба да се задржува под висечки товар!
- Не пренесувајте го товарот преку работниот простор каде што се задржуваат луѓето!