Ракување
Пумпна шахта со пумпа со дограден пливачки прекинувач
Поединечните пумпи се управуваат директно преку монтираниот пливачки прекинувач. Откако утикачот ќе се приклучи во приклучната дозна, соодветната пумпа е подготвена за работа и работи во автоматски режим.
Се препорачува да се опреми соодветната приклучна дозна со дополнителен прекинувач. Ова и овозможува на постројката практично вклучување.
Пумпна шахта со пумпа, приклучна табла и одделно управување со нивото
ВНИМАТЕЛНО
Нефункционирање поради погрешно ракување со приклучната табла!
Кога се приклучува утикач, приклучната табла стартува според последно поставениот начин на работа.
- За ракувањето со приклучната табла да е посигурно, прочитајте го Упатството за вградување и работа на приклучната табла.
Ракувањето со постројката се прави преку приклучната табла. Сите информации за ракување со приклучната табла и поединечните прикази може да ги најдете во упатството за вградување и работа на приклучната табла.