Чистење на внатрешната просторија на пумпата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Остри рабови на работното коло и вшмукателната наставка!
На работното коло и вшмукателната наставка може да има остри рабови. Постои опасност од повреди поради исекување!
- Носете заштитни ракавици!
Демонтирајте и исчистете ја покривната плоча на вшмукателната наставка доколку е многу загадена и има закоравени слоеви.
- Поставете ја пумпата хоризонтално на цврста подлога.
- Обезбедете ја пумпата да не се излизга!
- Одвртете ги сите 3 шрафови за прицврстување на покривната плоча.
- Отстранете ја покривната плоча.
- Исплакнете ја просторијата на пумпата со чиста вода што тече. Отстранете ги цврстите материи со раце.
- Проверете го O-прстенот на вшмукателната наставка. Кога е оштетен О-прстенот (исекотини, порозност, места на нагмечување), заменете го.
- Поставете ја покривната плоча на вшмукателната наставка.
- Завртете сите 3 шрафови за прицврстување додека не запрат.
- Просторијата на пумпата е исчистена и покривната плоча е монтирана, работите за чистење се завршени.