Работа со електриката
- Работата со електриката мора секогаш да ја изведува стручен електричар.
- Производот треба да биде исклучен од струја и да е осигуран од повторно ненамерно вклучување.
- Внимавајте на локалните регулативи во однос на приклучувањето за струја.
- Придржувајте се до податоците овозможени од локалната служба за електродистрибуција.
- Информирајте го персоналот околу изведбата на електрични приклучоци.
- Информирајте го персоналот за можностите за исклучување на производот.
- Техничките податоци се наоѓаат во ова Упатство за вградување и работа и на натписната плочка.
- Заземјете го производот.
- Прописи за поврзување со електричниот уред за приклучување.
- Кога се користат електронски контроли за управување (пр. меко стартување или фреквентен конвертор), придржувајте се до прописите за електромагнетна компатибилност. Кога е потребно, внимавајте на специјалните мерки (на пример, изолиран кабел, филтер итн.).
- Заменете го дефектниот кабел за поврзување. Консултирајте се со службата за односи со корисниците.