Приклучување на уреди за надгледување
- Точните податоци за изведбата можете да ги земете од приложениот план за приклучување.
- Поединечните жици се означени согласно планот на приклучување. Не сечете ги жиците! Нема дополнителни назначувања на називите на жиците и планот на приклучување.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради неправилно приклучување!
Кога уредите за надгледување не се правилно приклучени, постои опасност по животот поради експлозија во подрачјето во кое постои опасност од тоа! Приклучувањето мора секогаш да го прави стручен електричар. Во случај на примена во подрачје во кое постои опасност од експлозија, важи следново:
- Приклучете термичко надгледување на моторот преку релеи за проценка!
- Исклучувањето од страна на ограничувањето на температурата мора да се изведе со блокада за повторно вклучување! Повторно вклучување е можно кога копчето за отклучување ќе се активира рачно!
- Приклучете надворешна електрода (пр. надгледување на заптивна комора) преку релеи за проценка со заштитено струјно коло!
- Внимавајте на дополнителните информации во поглавјето за заштита од експлозија во ова Упатство за вградување и работа!
Преглед на можните уреди за надгледување за мешалка со потопен мотор без дозвола за експлозивно подрачје:
OPTI-TR 20-1 ... | EXCEL-TRE 20 ... | OPTI-TR 22 ... | OPTI-TR 28-1 ... | OPTI-TR 30-1 ... | EXCEL-TRE 30 ... | OPTI-TR 40-1 ... | EXCEL-TRE 40 ... | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Просторија на моторот | o | o | − | o | − | − | − | − |
Просторија на моторот/заптивна комора | − | − | o | − | o | o | o | o |
Заптивна комора (надворешна електрода за заварување) | o | o | o | o | o | o | o | o |
Намотка на мотор: Ограничување на температурата | • | • | • | • | • | • | • | • |
Намотка на мотор: Регулирање на температурата и ограничување | o | o | o | o | o | o | o | o |
Легенда
− = не е можно, o = изборно, • = во стандардна изведба