Електрично поврзување

ОПАСНОСТ

danger

Опасност по животот од струен удар!

Непрописното однесување при електрични работи може да предизвика смрт од струен удар!

  1. Работата со електриката мора секогаш да ја изведува стручен електричар!
  2. Придржувајте се до локалните прописи!

ОПАСНОСТ

danger

Опасност од експлозија поради неправилно приклучување!

  1. Електричниот приклучок на погонот за мешање секогаш се изведува надвор од подрачјето со опасност од експлозија. Ако приклучувањето мора да биде во рамките на подрачјето со опасност од експлозија, треба да се изведе во куќиште одобрено за експлозивни подрачја (вид на заштита согласно DIN EN 60079-0)! Ако не внимавате, постои опасност по животот поради експлозија!
  2. Поврзете проводник за еднаков потенцијал на означениот терминал за заземјување. Терминалот за заземјување треба да биде во подрачјето на кабелот за поврзување. За проводникот за еднаков потенцијал треба да се употреби кабел со пресек согласно локалните прописи.
  3. Приклучувањето мора секогаш да го прави стручен електричар.
  4. Внимавајте и на дополнителните информации во поглавјето за заштита од експлозии во прилог на ова Упатство за вградување и работа во однос на електричното поврзување!
  • Приклучувањето на мрежа соодветствува на податоците од натписната плочка.
  • Напојување од мрежа со десно вртежно поле за трифазни мотори на наизменична струја (3~ мотор).
  • Поставете го кабелот за поврзување согласно локалните прописи и означените жици.
  • Поврзете ги сите уреди за надгледување и проверете ја нивната функција.
  • Заземјувањето треба да се изведе според локалните прописи.