Заптивно куќиште за замена на масло (TR 30-1/40-1, TRE 30/40)

+

Полнење на заптивното куќиште со масло

-

Празнење на заптивното куќиште од масло

  1. Заштитната опрема треба да биде поставена!
  2. Демонтирајте го погонот за мешање, исчистете го и дезинфицирајте го.
  1. Поставете го погонот за мешање на хоризонтална цврста површина.
    ВНИМАТЕЛНО! Материјални штети! Погонот за мешање не треба да се поставува врз пропелерот! Употребете платформа според пречникот на пропелерот.
  2. Обезбедете го погонот за мешање од превртување и излизгување!
  3. Поставете сад со цел да го соберете работниот материјал.
  4. Одвртете го шрафот за затворање (+).
  5. Одвртете го шрафот за затворање (-) и испуштете го работниот материјал:
    ИЗВЕСТУВАЊЕ! За целосно празнење исплакнете ја заптивната комора.
  6. Проверете го работниот материјал:
  7. Чист работен материјал: Работниот материјал може повторно да се користи.
  8. Работниот материјал е загаден (црн): дополнете нов работен материјал.
  9. Бел/заматен работен материјал: Вода во маслото. Малите протекувања од механичката заптивка се нормални. Кога соодносот на масло и вода е помал од 2:1, лизгачката механичка заптивка се оштетува. Заменете го маслото и четири седмици подоцна проверете го повторно. Кога повторно ќе пронајдете вода во маслото, повикајте ја службата за односи со корисниците!
  10. Метални струготини во работниот материјал: Повикајте ја службата за односи со корисниците!
  11. Исчистете го шрафот за затворање (-), ставете му нов заптивен прстен и повторно завртете го. Макс. вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
  12. Работниот материјал се дополнува преку отворот на шрафот за затворање (+).
  13. Придржувајте се до податоците за видот и количина работен материјал!
  14. Исчистете го шрафот за затворање (+), ставете му нов заптивен прстен и повторно завртете го. Макс. вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
  15. Повторно воспоставете заштита од корозија: Запечатете го шрафот за затворање, на пример, со Sikaflex.
Менување масло
Менување масло