Приклучување: Пумпа без утикач

ОПАСНОСТ

danger

Опасност по животот од струен удар!

Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги локалните прописи.

ВНИМАТЕЛНО

Целосно расипување поради навлезена вода

Кабелот за поврзување без утикач има слободни краеви. Преку тој крај на кабелот водата може да навлезе во кабелот за поврзување и во пумпата. Така може да се расипе кабелот за поврзување и пумпата. Слободниот крај на кабелот за поврзување не смее никогаш да се потопува во течност и треба биде добро заштитен при складирање.

Пумпата има кабел за поврзување со слободен крај. Пумпата мора цврсто да се приклучи на приклучна табла. Внимавајте на следниве точки:

  • Прописно заземјете го производот!
  • Предвиден е заштитен прекинувач на моторот!
  • Минималниот услов е термичко реле/заштитен прекинувач на моторот со компензација за температурата, диференцијален активатор и блокада од повторно вклучување согласно локалните прописи.
  • Инсталирајте мрежен изолатор!
  • Минимален услов: Главен прекинувач со исклучување во сите полови.

Пумпа со монофазен мотор на наизменична струја

Отсечете го утикачот за пумпата да биде цврсто поврзана со приклучната табла. Приклучувањето во приклучната табла се прави на следниот начин:

Боја на жица

Стега во приклучна табла

Кафена (bn)

L (фаза)

Сина (bl)

N (неутрален кондуктор)

Зелена/жолта (gn-ye)

Заземјување (заштитен спроводник)

Пумпа со трифазен мотор на наизменична струја

Пумпата е наменета за приклучување на вртежно поле што врти десно. Проверете го вртежното поле со тест-уред за вртежно поле и ако треба коригирајте го. ВНИМАТЕЛНО! Пумпата не е дозволена за работа со вртежно поле што се врти лево! Приклучувањето во приклучната табла се прави на следниот начин:

Боја на жица

Стега во приклучна табла

Кафена (bn)

U

Црна (bk)

V

Сина (bl)

W

Зелена/жолта (gn-ye)

Заземјување (заштитен спроводник)

Нагодување заштита на мотор

Нагодете го заштитниот прекинувач на моторот според измерената струја (видете ја натписната плочка).