За време на работата
За време на работата, мора да го осигурите следното:
- Приклучната табла е затворена и осигурана од ненамерно отворање.
- Приклучната табла е сигурна од преплавување (вид на заштита IP54).
- Не смее да има директни сончеви зраци врз приклучната табла.
- Температура на околината: -30 ... +50 °C.
Следните информации се прикажани на главниот екран:
- Статус на пумпата:
- Број на регистрирани пумпи
- Пумпата е активирана/деактивирана
- Пумпа вклучена/исклучена
- Работа со резервна пумпа
- Начин на работа: Полнење или празнење
- Актуелно ниво на вода или статус на пливачки прекинувач
- Активна работа на Feldbus
Понатаму, преку Мени 4 се достапни следните информации:
- Држете го контролното копче 3 секунди.
- Ќе се појави Мени 1.00.
- Вртете го контролното копче додека не се појави Мени 4.
- Притиснете го контролното копче.
- Ќе се појави Мени 4.xx.
| Актуелно ниво на водата во m |
| Актуелен статус на пливачки прекинувач |
| Време на работа на приклучна табла |
| Време на работа: Пумпа 1
|
| Време на работа: Пумпа 2 |
| Време на работа: Пумпа 3 |
| Префрлувачки циклус на приклучна табла |
| Префрлувачки циклус: Пумпа 1 |
| Префрлувачки циклус: Пумпа 2 |
| Префрлувачки циклус: Пумпа 3 |
| Сериски број |
| Тип приклучна табла |
| Верзија на софтвер |
| Подесена вредност за надгледувањето на струјата на моторот: Пумпа 1 |
| Подесена вредност за надгледувањето на струјата на моторот: Пумпа 2 |
| Подесена вредност за надгледувањето на струјата на моторот: Пумпа 3 |
| Актуелна номинална струја во A за пумпа 1 |
| Актуелна номинална струја во A за пумпа 2 |
| Актуелна номинална струја во A за пумпа 3 |


















