Проверка на насоката на вртење на приклучените пумпи
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Вртежно поле на мрежата и приклучување на пумпа
Вртежното поле на приклучувањето на мрежа се спроведува директно кон приклучувањето на пумпата. Проверете го потребното вртежно поле на приклучените пумпи (десна или лева насока на вртење)! Внимавајте на Упатството за вградување и работа на пумпите.
Контролирајте ја насоката на вртење на пумпата преку пробно работење.
- Приклучната табла е затворена.
- Конфигурирањето на Мени 5 и Мени 1 е завршено.
- Сите пумпи во менијата од 3.02 до 3.04 се исклучени: Вредност „off“.
- Пумпите во менито 3.01 се активирани: Вредност „on“.
- Стартување на менито Easy Actions: Контролното копче се врти за 180°.
- Изберете рачна работа на пумпа: Вртете го контролното копче додека не се прикаже точката на мени:
- пумпа 1 P1 Hand
- пумпа 2: P2 Hand
- пумпа 3: P3 Hand - Стартувајте го пробното работење: Притиснете го контролното копче. Пумпата работи додека не го пуштите контролното копче.
- Проверка на насоката на вртење.
- Погрешна насока на вртење: Заменете две фази на приклучувањето на пумпата.
- Насоката на вртење е проверена и коригирана доколку имало потреба. Првата конфигурација е готова.