Работа со дефектен сензор за ниво
Доколку сензорот за ниво не дава мерна вредност (пр. поради прекин во жиците, дефектен сензор), сите пумпи се исклучуваат. Потоа свети LED сијаличката за дефекти и се активира сигнализацијата на збирна грешка.
Ургентна работа
- Начин на работа „Празнење“: Ниво на преплавување
- Кога преплавувањето се прави преку одделен пливачки прекинувач, постројката може да продолжи со ургентна работа. Притоа се дефинираат точките за вклучување и исклучување преку хистерезата на пливачкиот прекинувач.
- Начин на работа „Полнење“: Минимално ниво на водата
- Кога мин. ниво на водата се надгледува преку одделен пливачки прекинувач, постројката може да продолжи со ургентна работа. Притоа се дефинираат точките за вклучување и исклучување преку хистерезата на пливачкиот прекинувач.